49. Do candidates have to report on their election campaign finances?
North Macedonia, Republic of
"(1) Учесникот во изборната кампања е должен 11-тиот ден од денот на изборната кампања да поднесе финансиски извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на жиро – сметката за изборна кампања од денот на нејзиното отварање до крајот на десеттиот ден
од изборната кампања.
(2) Учесник во изборната кампања е должен еден ден пред одржувањето на вториот круг на гласање да поднесе финансиски извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската - сметка за изборната кампања за вториот круг на гласање.
(3) Учесникот во изборната кампања е должен еден ден по завршување на изборната кампања да поднесе финансиски извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на жиро – сметката за изборна кампања за втората половина од изборната кампања.
(4) Извештаите од ставовите (1) и (2) на овој член се поднесуваат на образец пропишан од министерот за финансии во кој се содржани податоците за име односно назив на донаторот, вид и вредност на донации, датум на добивање на донации и расходите за секоја донација и приходи и расходи за време на изборната кампања, како и податоци за донации примени од трето лице.
(5) Составен дел на образецот од ставот (4) на овој член е Упатството за начинот на пополнување на образецот на извештајот
(6) Извештаите се поднесуваат до Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување на корупцијата, кои се должни да ги објават на своите веб страници.
(7) Извештаите кои што политичките субјекти ги доставуваат согласно став (6) се должни да ги објават и на своите веб страници."
Article 84-b. Electoral code (2016 consolidated text)